November 29, 2024 | | Македонија
Вардар в недела ќе се соочи против Тиквеш од 13 часот во 17. коло од Првата лига. Пред овој дуел навивачката група „Комити“ информираше дека сите навивачи кои ќе носат македонско знаме ќе можат бесплатно да влезат на стадионот. Собирот на навивачите е закажан за недела од 10.30 часот во „Паркот на новинари“, односно на последна 23-ка, спротив Нова Македонија. „Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот. Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот. Гратис влез со македонско знаме. Шалот на врат и знаме во рака. Се гледаме во недела на собир. СТАНИ МАКЕДОНЧЕ, ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ“, порачаа „Комити“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |