Битола спремна за нов спектакл: Од утре билети за мечот Пелистер – Шкендија!

November 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Битола спремна за нов спектакл: Од утре билети за мечот Пелистер – Шкендија!

Во рамките на 15. коло во ПМФЛ шампионатот, Пелистер ќе го дочека лидерот Шкендија. Откако Битолчани имаа одлично искуство од дуелот под рефлектори со Вардар, сега ќе се случи нов вечерен дуел. Продажбата на билети започнува од утре на локациите на Димпо Тобако во Битола. Поради зголемена заинтересираност за натпреварот, секој ќе мора да поседува билет за истиот со исклучок на навивачите и љубителите на спортот кои веќе имаат обезбедено сезонска или ВИП карта. Натпреварот ќе се одигра на 24. ноември со почеток од 17 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.