Бојан Миовски стана татко

March 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Бојан Миовски стана татко

Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Жирона, Бојан Миовски, стана татко! Тој и неговата партнерка Сара добија син, кој го доби името Матео. Среќната вест ја сподели самиот Миовски на своите социјални мрежи, откривајќи дека нивниот живот добил нова смисла со доаѓањето на нивниот син. „Нашето мало момче, Матео, дојде на овој свет на 28.02.2025 и ги направи нашите животи бесценети! Твоето име значи ‘подарок од Бог’ и секој ден сме благодарни за овој благослов“, напиша Миовски на Инстаграм.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.