August 1, 2025 | | Македонија
Екипата на Брера Струмица денеска официјално го назначи поранешниот македонски репрезентативец Зоран Балдовалиев за нов спортски директор на клубот. Балдовалиев, кој потекнува од струмичката фудбалска школа и има богато искуство од настапи во Македонија и странство, ќе се обиде да придонесе за подобри резултати во новата сезона и да ја зајакне спортската инфраструктура на клубот. „Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. Ќе се потрудам да дадам свој ангажман во остварување на целите на АП Брера Струмица – овозможување услови за квалитетна работа и професионален развој на секој фудбалер, како и подобрување на спортската инфраструктура по добивањето терени во Градско Балдовци,“ изјави Балдовалиев. Тој потенцираше дека приоритет ќе остане развојот на младинските школи и создавање локален кадар. „Ќе работиме на мобилизација на струмички деца и градење силна врска со локалната средина. Целта е да создадеме наши фудбалери кои ќе играат во првиот тим, со можност за кариера и во други клубови,“ додаде новиот спортски директор. Сениорскиот тим на Брера веќе ги започна подготовките за новата сезона и донесе неколку засилувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |