Брера Струмица се засилува: Михаилов и Ивановски се враќаат во клубот

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Брера Струмица се засилува: Михаилов и Ивановски се враќаат во клубот

Брера Струмица ги врати двајцата познати фудбалери, Филип Михаилов и Зоран Ивановски, за пролетниот дел од сезоната. Михаилов, 26-годишниот играч за врска, повторно ќе го облече дресот на Брера, откако во есенскиот дел од сезоната ги бранеше боите на Тиквеш. Иако настапи 14 пати во првенството, немаше доволна минутажа во кавадаречкиот тим. Покрај Брера, во својата кариера има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово Кочани, како и за австриски Маршвалд. Заедно со него во тимот се враќа и 24-годишниот крилен напаѓач, Зоран Ивановски. Тој доаѓа од Брегалница Штип, а во минатото настапуваше и за Беласица, Детонит и Брера. Ивановски има значително прволигашко искуство, а своевремено беше и дел од младинските селекции на македонската репрезентација. Со овие засилувања, Брера Струмица дополнително ќе ја зацврсти својата офанзивна игра во вториот дел од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.