August 6, 2025 | | Македонија
Брера Струмица продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на клубот е српскиот дефанзивец Лука Лукович. 24-годишниот Лукович доаѓа од Белград и во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за малтешки Балзан. Искусниот стопер, висок над два метри, има богато меѓународно искуство – две сезони мина во Естонија каде ги бранеше боите на два различни клуба, а во српскиот шампионат настапуваше за Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик и Синѓелиќ. Од клубот очекуваат Лукович да биде столб на одбраната во подмладениот состав со кој Брера Струмица ќе ја започне новата сезона во Првата македонска лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |