Бугари или Унгарци – Шкендија го дозна можниот пат до групите на ЛЕ

August 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Бугари или Унгарци – Шкендија го дозна можниот пат до групите на ЛЕ

Македонскиот шампион Шкендија ќе се соочи со поразениот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, доколку претходно биде елиминиран од Карабах во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Натпреварите од плејофот во ЛЕ се закажани за 21 и 28 август. Првиот меч тетовци ќе го играат дома во Скопје, додека реваншот ќе биде на гости. Интересно е што, и во случај на триумф над Карабах, Шкендија би ги имала истите можни противници и во плејофот за ЛШ – победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош, што создава необична ситуација за клубот. Тетовци се надеваат на позитивен исход против Карабах и историско учество во групната фаза на Лигата на шампионите, но во најлошо сценарио ќе имаат шанса да обезбедат европска есен преку Лигата на Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.