July 25, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски (30) е ново засилување на босанскиот шампион Зрињски од Мостар. Дефанзивецот потпиша едногодишен договор со можност за продолжување до 2027 година, откако пристигна од унгарскиот Нирегихаза. Велковски има богато искуство зад себе – настапуваше за Работнички, Вардар, Ријека, Ал-Етифак и Динамо Букурешт, а има и 56 настапи за македонската репрезентација, со која беше дел од ЕУРО 2021. Тој е трет македонски фудбалер кој летово се пресели во босанскохерцеговски клуб, по Стефан Ристовски и Елези кои потпишаа за Сараево.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |