Дарко Велковски преговара со Динамо Букурешт за нов договор

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Дарко Велковски преговара со Динамо Букурешт за нов договор

Екипата на Динамо Букурешт е задоволна од македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски каде тој доби првотимски статус па тие сакаат да го задржат и наредната сезона.

Тој имаше договор на шест месеци, а претходно беше без клуб.

Тој одигра 16 натпревари за Динамо во шест месеци и даде еден гол. Пред да биде слободен агент, тој настапуваше за Ал-Етифак (Саудиска Арабија), Ријека (Хрватска), како и македонските прволигаши Вардар и Работнички.

Иако негова главна позиција е стопер, тој може да игра како заден везен фудбалер, но и како централен во средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.