August 11, 2024 | | Македонија
Денеска стартува новата сезона во Првата фудбалска лига во Македонија каде ќе бида одиграни шест натпревари. Веќе две години по ред Струга е шампион, па ќе се надеваат и на трета титула по ред. Стружани ја освојуваа лигашката титула во 2023 и 2024 година, па сигурно не сакаат да застанат тука. Шампионот Струга одбраната на титулата ја започнува со домашен меч против освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш. Како најголеми конкуренти на Струга се наметнуваат Шкендија и Шкупи. Уште во првото коло ќе имаме и дерби натпревар и тоа под рефлектори каде Брера во Струмица ќе го пречека големиот Вардар. Дебитант во првенството е екипата на Беса од Добридол, а во друштвото на најдобрите ќе го гледаме и Пелистер. РАСПОРЕД ПРВО КОЛО: 17:00: Беса – Шкендија Пелистер – Гостивар Работнички – Силекс Шкупи – Воска Спорт Струга – Тиквеш 20:30: Брера – Вардар
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |