Детонит Плачковица ангажираше нов напаѓач!

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Детонит Плачковица ангажираше нов напаѓач!

Детонит Плачковица од Радовиш повторно се засили. Станува збор за напаѓачот Албан Таипи, кој пристигнува од редовите на Беса од Добри Дол. Тој има 21 година, но иако млад, станува збор за фудбалер со големо домашно и меѓународно искуство. Неговите почетоци се во тетовска Ренова, потоа настапува во шампионатот на Унгарија, во тимот на Халадас. Таипи е исто така постојан репрезентативец од У15 до У19. Претходно клубот од Радовиш се засили со Панче Петров, Христијан Поп-Антоски, Андреј Коцевски, Лука Георгиев и Кирил Неделков. Целта на Детонит и за наредната сезона останува борбата за влез во елитното фудбалско друштво.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.