Детонит Плачковица одлучи да се раздели со тренерот Варадиновски!

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Детонит Плачковица одлучи да се раздели со тренерот Варадиновски!

Детонит Плачковица одлучи да направи промена, па така донесоа одлука спогодбено да се разделат со досегашниот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски. „Денес, управата на ФК „Детонит Плачковица“ и шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски спогодбено го раскинаа Договорот за соработка за сезоната 2024/25. Од наше име, искрено му благодариме на Иван за постигнатиот историски успех за фудбалот во Радовиш, за најдобар домашен тим, за освоеното високо трето место во минатата 23/24 сезона и одигрувањето на бараж натпреварот за влез во Првата македонска лига. Му посакуваме понатамошна професионална кариера и нови успешни резултати, а ние и покрај лошиот почеток на првенството, продолжуваме понатаму со поставената цел пред нас“, се наведува во соопштението на клубот. По три одиграни кола, тимот од Радовиш е на деветото место каде имаат освоено само четири бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.