July 29, 2025 | | Македонија
Амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица продолжува со креирање конкурентен тим за следната сезона и денеска ги претстави тројцата најнови засилувања. Едно од засилувањата е Мартин Мисердовски (22) – централен бек од Работнички, со искуство во Њу Старс, Кадино и Каменица Саса. Клубот го потпиша и Јасмин Казимоски (24) – офанзивец од Победа, кој има настапи и за Охрид, Воска Спорт, Новаци, Караорман, Влазерими, Младост Царев Двор, Тетекс и Ренова. Третото засилување е Зоран Андонов (25) – искусен дефанзивец и повратник во клубот, кој претходно играше за Брера, Брегалница, Кит-Го и Беласица. Претходно, Детонит се засили со Сашко Дуков, Филип Ѓорѓиевски, Стефан Бабунски и Тино Спасиќ, а клубот најавува уште неколку нови имиња до почетокот на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |