November 13, 2024 | | Македонија
Македонија ќе одигра два натпревари на оваа репрезентативна пауза, против Летонија и Фарски Острови на арената „Тодор Проески“. Голманот Столе Димитриевски откри какви цели си поставил и за овие два дуела. „Сакам да останам со чиста мрежа и по овој одигран натпревар. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам да оставам чиста мрежа, тоа ми носи среќа и сега имам јасна цел на утрешниот натпревар. Први сме во групата и влегуваме без притисок во последните два меча. Јас се обидувам да го сочувам својот гол на секој одигран натпревар, но поважно е да дадеме и да останеме на првото место. Наша цел беше да бидеме први во оваа група, а со таа цел влегуваме и во последните два натпревари од групата“, изјави Димитриевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |