Димитриевски: Се надевам дека и утре нема да примам гол

October 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Димитриевски: Се надевам дека и утре нема да примам гол

Во пресрет на утрешниот дуел на Македонија против Ерменија со почеток од 18 часот, голманот Столе Димитриевски верува дека и утре неговата мрежа ќе остане чиста и дека селекцијата ќе издвои победа. Веќе втор натпревар по ред не примивме гол, а за првпат би можело да се случи три натпревари без примен гол. „Со Шишковски кој играше во Ерменија разговараме за ерменските репрезентативци и подготвени сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработна со одбрамбените фудбалери на последните три меча и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки, за сите се подготвувам на ист начин“, рече Димитриевски. Утрешниот натпревар е особено важен за Македонија каде би можело да се потврди првото место во групата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.