Донов е херојот на Силекс: Со прекрасен удар од 30 метри донесе победа (ВИДЕО)

April 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Донов е херојот на Силекс: Со прекрасен удар од 30 метри донесе победа (ВИДЕО)

Силекс стигна до победа во Охрид, каде што „кратовци“ по неверојатен пресврт во последните моменти го срушија Воска Спорт со 1-2 во рамки на 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот започна со ритам во кој домаќините го диктираа темпото, поведоа и почнаа да сонуваат за триумф. Но, Силекс имаше други планови. А херојот на денот? Илија Донов. Во 92. минута, кога повеќето очекуваа последен офанзивен здив, тој реши да испрати ракета од 30 метри и не само што ја погоди целта, туку ја распара мрежата и со тоа стави печат на спектакуларниот триумф. Голот беше вистинска уметничка слика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.