April 8, 2025 | | Македонија
Голем интерес владее за хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, кој ќе се одигра во Скопје со цел да се помогне на настраданите од трагедијата во Кочани. Според информациите од најтрофејниот македонски клуб, билетите за овој емотивен и значаен натпревар се продаваат со огромна брзина. На девет дена пред натпреварот, веќе се продадени повеќе од 15.000 влезници. Организаторите очекуваат исполнет стадион, па затоа од управата на Вардар апелираат до публиката да пристигне најдоцна до 19:30 часот – најмалку половина час пред почетокот на натпреварот – со цел да се избегнат гужви при влезот. Посебно внимание е посветено и на безбедносните аспекти. Билетите се строго нумерирани и контролирани, со што се гарантира дека нема да има неовластено или прекумерно влегување. На тој начин се обезбедува безбедна и уредна атмосфера за сите присутни. Од клубот информираат дека фан-зоната за гостинските навивачи на Црвена Звезда ќе биде организирана кај фонтаната во Градскиот парк. Воедно, навивачите на белградскиот клуб се замолуваат своите влезници да ги обезбедат за Источната трибина на Арената „Тодор Проески“. Овој натпревар, освен што ќе донесе спортска возбуда, претставува и симбол на солидарност и човечност – момент кога фудбалот е многу повеќе од игра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |