Драма на комеморацијата на Миловановиќ – се онесвести Бошко Ѓуровски (ВИДЕО)

September 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Драма на комеморацијата на Миловановиќ – се онесвести Бошко Ѓуровски (ВИДЕО)

Легендарниот Бошко Ѓуровски доживеа непријатен момент за време на комеморацијата на поранешниот капитен на „црвено-белите“ Дејан Миловановиќ. Додека држеше емотивен говор во чест на својот пријател и поранешен соиграч, Ѓуровски ненадејно се онесвести и падна. Присутните веднаш реагираа, по што тој брзо се освести и се врати во нормала. Српските медиуми јавуваат дека, за среќа, немало сериозни последици по неговото здравје, а Ѓуровски ќе оди на дополнителни лекарски испитувања. Видеото погледнете го ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.