June 7, 2025 | | Македонија
Македонија ремизираше со Белгија во Скопје (1-1) во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026, а сега следи нов сериозен предизвик – гостување кај Казахстан во Астана. Селекторот Благоја Милевски за овој дуел ќе биде спречен да го води тимот поради жолт картон добиен против Белгија, а дополнителна главоболка се и повредите на двајца фудбалери. Исник Алими и Бојан Димоски отпаднаа од комбинација и нема да патуваат со репрезентацијата. Македонската експедиција утре попладне заминува за Казахстан со чартер-лет, а полетувањето од Скопје е закажано за 15:00 часот. Натпреварот во Астана ќе се игра во понеделник, со почеток од 16:00 часот по македонско време. Дуелот со Казахстан се смета за еден од клучните во трката за пласман на Мундијалот, а македонската репрезентација ќе треба да покаже карактер и зрелост во отсуство на неколку важни имиња.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |