September 23, 2025 | | Македонија
Македонија ќе има свои претставници на престижните квалификации за светско првенство во играта eFootball – FIFAe World Cup 2025, кое по втор пат се организира под капата на FIFA и кое ќе се одржи во саудискиот град Ријад со награден фонд од 100.000 долари. Нашата земја ќе ја претставуваат Иван Иванов од Радовиш и Давид Гаревски од Битола, двајца повеќекратни државни шампиони кои важат за најдобрите eFootball играчи во земјава. Иванов и Гаревски зад себе имаат бројни титули и континуирани настапи на највисоко ниво на домашната сцена, а сега ќе имаат можност да ја покажат својата сила и во европските квалификации. „Голема чест е да ја претставуваме Македонија. Ќе дадеме сè од себе за покажеме дека можеме да испишиме историја. Наша прва цел се да ги поминеме групите, а потоа и пласман на финале во Ријад. Воедно, во иднина очекуваме и поголема поддршка за еспортот“ вели Иван Иванов, нагласувајќи дека конкуренцијата ќе биде исклучително тешка. Гаревски додава дека нивниот најголем предизвик ќе биде групата во која се најдоа. „Ќе играме против силни репрезентации како Португалија и Холандија, но верувам дека можеме да направиме изненадување.“ Квалификациите за Европа ќе се одржат од 25 до 28 септември – прво во групна, а потоа во нокаут фаза. Македонија ќе се соочи со Босна и Херцеговина, Швајцарија, Грузија, Холандија, Португалија и Кипар. Само најдобрите четири од групата ќе продолжат понатаму, а на крај само три европски репрезентации ќе обезбедат место на големото финале во Ријад, Саудиска Арабија. Натпреварите ќе бидат пренесувани во живо на YouTube и Twitch.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |