December 31, 2024 | | Македонија
Вардар продолжува со ангажирање нови засилувања за вториот дел од сезоната, а последно име кое ќе го облече црвено-црниот дрес е напаѓачот Едиз Спахиу. 23-годишниот напаѓач пристигнува во Вардар од тимот на Тиквеш, каде што во првата половина од сезоната постигна четири голови на 18 одиграни натпревари. Минатата сезона, Спахиу исто така настапуваше за Тиквеш, со кој го освои Купот на Македонија. Во својата кариера во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) досега има забележано 106 натпревари и постигнато 23 голови. На репрезентативно ниво, Спахиу има настапи за младинските селекции на Македонија до 19 и до 21 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |