October 2, 2026 | | Македонија
Елиф Елмас отворено зборуваше за својата кариера, шампионската сезона со Наполи, периодот во Лајпциг и новиот предизвик во Аталанта. Македонскиот репрезентативец се присети на историското Скудето со Наполи во сезоната 2022/23, кога клубот по 33 години повторно стана шампион на Италија. Елмас откри дека уште на почетокот на сезоната Лучано Спалети им кажал дека целта е титулата. „Оваа година сакам да бидеме шампиони. Ќе бидеме шампиони“, биле зборовите на Спалети кои, според Елмас, им дале дополнителна енергија на играчите. Елмас зборуваше и за тешкиот период во РБ Лајпциг, каде што не успеал да го покаже најдоброто од себе. Тој вели дека заминувањето во Бундеслигата било свесна одлука, бидејќи сакал ново искуство, но работите не се одвивале според планот. Потоа следувало враќањето во Наполи, каде што минатата сезона работел со Антонио Конте и одиграл 44 натпревари во сите конкуренции. Елмас признава дека токму Конте бил една од главните причини поради кои сакал повторно да се врати во Наполи. „Затоа избрав да се вратам во Наполи – поради Антонио Конте. Сакав повторно да работам со експерт како него“, изјави Елмас. На прашањето дали би останал во Наполи доколку Конте продолжел да биде тренер, Елмас бил директен: „Да. Да останеше Конте, сигурно сега ќе бев во Наполи. Тоа ќе беше мојата седма сезона.“ Наместо тоа, Елмас летово се пресели во Аталанта на позајмица од Лајпциг, со опција за откуп. Таму повторно работи со Кристијано Џунтоли, со кого соработуваше и во Наполи, а тренер му е Маурицио Сари. Елмас признава дека во Аталанта се чувствува добро и дека стилот на игра му одговара. Најмногу ја преферира позицијата „десетка“, но е подготвен да игра и како лево крило во формација 4-3-3.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |