March 26, 2025 | | Македонија
Македонската репрезентација беше на чекор до голема победа, но последниот напад на Велс ја загорчи радоста на Арената „Тодор Проески“. Сѐ изгледаше како триумфална вечер – Бојан Миовски го разгоре славјето во 91. минута, кога ја затресе противничката мрежа и донесе водство за „црвено-жолтите“. Сепак, во 96. минута, кога трибините веќе броеја секунди до крајот, Дејвид Брукс ги шокираше сите со израмнувачки погодок. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, против ривал со квалитет и силен тактички пристап. Се боревме до последниот момент, но примивме гол во последните 30 секунди, што навистина боли. Три бода ни избегаа од раце, но мора да продолжиме понатаму. Следуваат два важни дуели, прво со Белгија, па со Казахстан, и се надевам дека ќе се вратиме со подобри резултати“, изјави разочараниот, но борбен Елиф Елмас. Македонија на 6 јуни ќе ја пречека Белгија во Скопје, а три дена подоцна ќе има предизвикувачко гостување во Казахстан. Фото: Слободен Печат
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |