January 23, 2025 | | Македонија
Во духот на иднината, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и спортскиот директор на Националните репрезентации, Горан Пандев, остварија инспиративна средба со нашиот фудбалски „дијамант“, Ељиф Елмас. На средбата се разговарало за многу теми, вклучувајќи ја и иднината на репрезентативниот фудбал, што ја разгоре надежта за големи успеси. И покрај тоа што е во немилост кај тренерот Марко Розе во РБ Лајпциг и нема минутажа во Бундеслигата, Елмас останува посветен на македонската репрезентација. Иако неговото заминување на позајмица во друг клуб беше најавено за зимава, тоа сè уште не се реализираше, но тој не дозволува клубските околности да го одвлечат од посветеноста кон „рисовите“. Последните информации се дека Елмас е близу до трансфер во Валенсија во вид на позајмица до крајот на сезоната. На средбата, Омерагиќ и Пандев му ги презентираа плановите и проектите за иднината на националниот тим, очекувајќи Елмас да остане клучен лидер во составот. Ова беше потврдено со заедничка фотографија и мотивациска порака:
„Доаѓаат големи работи“, стои во објавата.Македонија се надева на успешна иднина, охрабрена од одличниот циклус во Лигата на нации. Во квалификациите за Светското првенство, нашите „рисови“ ќе се соочат со Белгија, Велс, Лихтенштајн и Казахстан, група која ветува интересни пресметки и нови можности за постигнување успех.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |