July 2, 2025 | | Македонија
Енис Барди денеска го прославува својот 30-ти роденден, а меѓу бројните честитки што ги доби, посебно внимание привлече онаа од шпанската Ла Лига, која со видео-порака му оддаде признание за оставената трага во Шпанија. Во дресот на Леванте, Барди настапуваше пет сезони (2017–2022) и беше еден од најконзистентните фудбалери на тимот од Валенсија. Најмногу блескаше во изведувањето на слободни удари – негова специјалност што му донесе признание не само во Ла Лига, туку и во Европа. Со неколку маестрални погодоци од прекин, тој ја освои публиката и стана обележје на „гранатите“ во тој период. По повод неговиот јубилеен роденден, Ла Лига објави видео со наслов „Маестро на слободните удари“, посветено на најубавите голови на Барди, пренесувајќи уште еднаш колку бил ценет на шпанските терени. Иако моментално е без клуб по разделбата со турскиот Бодрум, Барди зад себе има богато искуство и меѓународна кариера со настапи за Шкупи, Ујпешт, Трабзонспор и Брондби. Во дресот на македонската репрезентација запиша над 50 настапи и беше важен дел од историскиот пласман на ЕУРО 2020.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |