June 30, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се раздели со Бодрумспор, но според турските медиуми неговата приказна во Суперлигата нема да заврши тука. Имено, Ризеспор му испратил конкретна понуда, и се очекува наскоро да биде официјализиран трансферот. По краткиот престој во Бодрум, каде што клубот не успеа да обезбеди опстанок во елитата, Барди е подготвен за нов предизвик во клуб со поголеми амбиции. Искусниот плејмејкер оваа сезона запиша 31 настап, два гола и четири асистенции, и покажа дека сè уште може да биде важна фигура на теренот. Ризеспор, кој ја заврши минатата сезона на 9. место со 49 бодови, гледа кон Европа, а Барди би можел да биде креативната алка која ќе го подигне тимот на следно ниво. Доколку се реализира трансферот, ова ќе биде негов трет клуб во Турција по Трабзонспор и Бодрум, и нова шанса да ја потврди својата класа во една од најжестоките европски лиги.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |