Еве како се прославуваше во соблекувалната, присутни беа Омерагиќ и Пандев (ВИДЕО)

June 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Еве како се прославуваше во соблекувалната, присутни беа Омерагиќ и Пандев (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа освои важен бод против силната Белгија, играјќи 1-1 на домашен терен. Голот на Алиоски беше вистинско ремек-дело, а по мечот атмосферата во соблекувалната беше полна со емоции и гордост. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со легендите Горан Пандев и Агим Ибраими, им честиташе на фудбалерите лично. Тие беа таму да ја споделат радоста со репрезентативците и да покажат поддршка. „Знам дека играте од срце за Македонија, а не за премии, но ќе бидете наградени, тоа ви го ветувам“, изјави Омерагиќ. Оваа атмосфера на единство и заедништво е позитивен сигнал за иднината. Македонија веќе две години нема пораз на домашен терен, а сега сите погледи се вперени кон следниот меч – против Казахстан во Астана, каде сите очекуваат нова победа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.