Европска ноќ со висок ризик: Комити и ултрасите на Лозана подготвени за шоу

July 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Европска ноќ со висок ризик: Комити и ултрасите на Лозана подготвени за шоу

Најтрофејниот македонски клуб Вардар во четврток од 20:30 часот ќе ја започне новата европска авантура со меч против швајцарската Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Натпреварот се игра на Националната арена во Скопје и веќе се чувствува наелектризирана атмосфера. На трибините се очекува фудбалска еуфорија – над 100 навивачи на Лозана, главно припадници на нивната ултрас група, ќе пристигнат во главниот град за да го поддржат својот клуб на гостински терен. Од другата страна, групата Комити најавува големо присуство и спектакуларна атмосфера на западната трибина. Причината – роденденот на Вардар. Клубот на 11 јули слави 78 години од своето основање, а навивачите ќе го одбележат тоа со знамето, огномети и гласна поддршка до последниот свиреж. Поради најавената бројност на двете навивачки групи, натпреварот е класифициран како меч со висок безбедносен ризик. Надлежните институции преземаат мерки за да се обезбеди мирна, но страствена фудбалска вечер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.