August 12, 2025 | | Македонија
Шкендија ја заврши европската авантура во квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва доживеа тежок пораз на гостувањето кај Карабах со 1-5, во реваншот од третото коло. Азербејџанците само ја потврдија минималната предност од првиот меч во Скопје (1-0), испраќајќи го македонскиот шампион во плејофот за Лига Европа. Тетовци почнаа одлично и во 10. минута поведоа преку Сенегалецот Фабрис Тамба, што го израмни вкупниот резултат. Но, радоста траеше кратко – само шест минути подоцна, Албанецот Клисман Цаке си постигна автогол, а во 18. минута Кади Боргес направи целосен пресврт. Карабах продолжи со доминација и до полувремето постигна уште два гола – Акунѕаде (33’) и Јанковиќ (35’, пенал). Конечните 5-1 ги постави Леандро Андраде во 60. минута. Шкендија сега ќе игра во Лига Европа против поразениот од дуелот Лудогорец – Ференцварош, чиј исход ќе се реши вечерва во Унгарија, откако првиот меч во Бугарија заврши 0-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |