July 3, 2025 | | Македонија
Енис Фазлагиќ тргнува во нова авантура – македонскиот репрезентативец по истекот на договорот со Висла Краков го прифати предизвикот на новиот албански прволигаш Вора и ќе заигра во елитата на соседна Албанија. По неуспешниот период во Полска, каде минатата сезона не запиша ниту еден официјален настап и двапати беше испраќан на позајмица, 25-годишниот играч за врска ја менува средината со надеж за рестарт во кариерата. Иако трансферот во Вора – клуб што лани беше шампион во втората албанска лига – може да се гледа како чекор назад, тој истовремено претставува можност за Фазлагиќ конечно да се стабилизира и да се врати на вистинскиот пат. Поранешниот играч на Шкендија, кој во 2020 беше продаден во словачка Жилина за 250.000 евра, а потоа за дупло повеќе премина во Висла Краков, сега започнува ново поглавје во својата фудбалска приказна – и тоа во четврта различна земја. Албанската елита ќе биде нов предизвик, а македонскиот фудбал добива уште еден претставник во соседството.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |