March 19, 2025 | | Македонија
Додека Македонија минува низ денови на жалост, македонските прволигаши Тиквеш и Гостивар продолжуваат со меѓусебната преписка околу настаните пред и за време на саботниот натпревар во Кавадарци. Во својата последна објава, Гостивар нагласи дека Фудбалската федерација на Македонија е целосно информирана за ситуацијата, но Куќата на фудбалот одлучи да се воздржи од коментари, покажувајќи почит во овие тешки моменти. Натпреварот меѓу овие два тима заврши со победа на Тиквеш од 2-1, но контроверзиите околу случувањата на теренот сè уште не стивнуваат. „Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти. Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период. Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно. Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа. Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост. Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство. Фудбалска федерација на Македонија“, се наведува во соопштението на ФФМ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |