March 17, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска соопшти дека ги одложува пријателските натпревари на репрезентацијата до 16 години против Естонија. Дополнително, најавено е дека медиумските активности на сениорската селекција пред дуелите со Лихтенштајн и Велс ќе бидат сведени на минимум. Овие одлуки доаѓаат како резултат на огромната трагедија што го потресе Кочани, поради која целата земја е во шок. „Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, соопштија од ФФМ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |