ФФМ го казни Вардар: „На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува“ (ФОТО)

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ го казни Вардар: „На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува“ (ФОТО)

ФК Вардар информираше дека клубот добил казна од Фудбалската федерација на Македонија поради користење пиротехника од страна на неодговорни навивачи на натпреварот против Шкупи во 14-то коло. „На нашата сметка пристигна казна во износ од 153.750 денари, како последица на несоодветното навивање со пиротехника. Ваквиот чин директно ги оштетува фудбалерите и клубот во целост“, соопштија од Вардар. Од клубот објаснуваат дека трошокот за користење на целиот стадион за еден натпревар изнесува 145.258 денари, што значи дека казната за пиротехника го дуплира износот потребен за организација на еден натпревар. „Ова не е начин на кој се сака Вардар, туку начин на кој клубот се оштетува“, стои во соопштението на Вардар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.