ФФМ го поништи сомнителниот меч Кожуф – Башкими!

May 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ го поништи сомнителниот меч Кожуф – Башкими!

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за поништување на натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, поради скандалозната ситуација што се случи во самиот финиш на средбата, кога фудбалерите на Кожуф намерно запреа со играта, дозволувајќи му на противникот да постигне победнички гол. Иако натпреварот формално е евидентиран како одигран, ФФМ реши дека ниту една од екипите нема да добие бодови, а сите постигнати голови нема да се сметаат во официјалната статистика. Одлуката предизвика бурни реакции во јавноста, особено поради прашањата околу интегритетот на натпреварувањето. Дополнително, Дисциплинската комисија на ФФМ отвори постапка против седум лица поврзани со инцидентот, со цел да се утврдат сите околности и одговорности. Очекувањата се дека ќе следуваат санкции во согласност со дисциплинскиот правилник на Федерацијата. „Одлуки од Дисциплинска комисија на ФФМ Дисциплинската комисија на ФФМ по пријава на Дисциплинскиот инспектор поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар по член 72 - Наговарање против: Пепи Ѓоргиев - спортски директор на ФК Кожуф; Славчо Ѓеоргиевски - шеф на стручен штаб на ФК Кожуф; Напоменуваме дека случајот не е затворен. Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот. Отворена постапка се води и за: Б.К. - ФК Кожуф, Б.Д. - ФК Кожуф, Ј.П. - ФК Кожуф, К.С. - ФК Кожуф, Н.С. - ФК Кожуф“, соопшти ФФМ. Одлуката на ФФМ значи дека Македонија ЃП и официјално е нов прволигаш со 64 бодови, додека Арсими е втор со 62 бодови, а трет е Башкими со 60 поени на едно коло пред крај на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.