December 22, 2024 | | Македонија
Масар Омерагиќ, по доаѓањето на претседателската позиција, зборуваше за многу важни теми, вклучувајќи ги и фудбалерите кои повеќе не настапуваат за репрезентацијата. Фокусот беше ставен на екс-капитенот Стефан Ристовски и играчот за врска Аријан Адеми. Ристовски се повлече од репрезентацијата поради недоразбирања со селекторот Милевски, додека причината за повлекувањето на Адеми беше нејасна. „Не само Ристовски и Адеми, во репрезентацијата ќе се обидеме да ги вратиме сите што не играат поради било каква причина. Македонија е мала земја, ние мора да ги користиме сите играчи. Тие двајца се прекрасни личности и фудбалери кои настапуваат во Лигата на шампионите. Мора да разговараме со нив. Со разговор може да се најде решение. Интересот на Македонија и на репрезентацијата е на прво место, а потоа се друго“, изјави Омерагиќ. Ристовски и Адеми се најзвучните отсуства во репрезентацијата на Македонија последниве години и во моментов и двајцата настапуваат за Динамо Загреб. Иако Адеми не е во најдобар ритам поради повреди, Ристовски игра во врвна форма и е столб во својот клуб, па може да биде од огромна помош за националниот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |