April 25, 2025 | | Македонија
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе строги мерки против Воска, поради нивната одлука да се повлечат од натпреварот против Вардар, што доведе до прекин на мечот. Клубот е санкциониран со одземање на девет бодови во првенството и дополнително ќе треба да плати парична казна во висина од 7.500 евра. Освен тоа, сериозни последици има и за раководството: претседателот Нефи Усеини доби двегодишна суспензија, со што нема да може да учествува во какви било фудбалски активности во тој период. Истата казна ја доби и тренерот на тимот, Арби Клодиан. Овие одлуки доаѓаат како јасна порака од ФФМ дека ваквото однесување нема да се толерира, особено во ситуации кога се нарушува регуларноста на натпреварувањето. Одлуката на дициплинската комисија ви ја пренесуваме во целост: „ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ; ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ; Нефи Усеини – претседател на ФК Воска Спорт АД се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ; Тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец“. Ова значи дека Воска ќе игра во Втора лига наредната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |