July 8, 2025 | | Македонија
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку значајни одлуки поврзани со судиската организација и репрезентативните категории. Најголемата новина е враќањето на поранешниот меѓународен судија Емил Божиновски на чело на Судискиот одбор. Тој го презема раководството од Александар Ставрев, кој досега ја извршуваше оваа функција. Божиновски, кој пред три години се повлече од позицијата, има богато искуство на меѓународната сцена, со настапи во Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификациите на УЕФА. По крајот на судиската кариера, остана активен во улога на контролор на судење под покровителство на ФИФА и УЕФА. Во структурата на Судискиот одбор е назначен и Јосип Бартон, кој ќе го замени Дејан Костадинов како член на ова тело. Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за формирање на нова репрезентативна селекција – Македонија У20. За селектор на оваа новоформирана репрезентација е назначен Александар Таневски, кој во изминатите осум години беше активен во домашните фудбалски натпреварувања со 196 официјални натпревари како тренер во Првата и Втората лига. Со овие чекори, ФФМ продолжува со кадровско и стратешко преструктурирање, насочено кон унапредување на судењето и развој на младинскиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |