ФФМ отвори дисциплинска постапка против Пелистер

August 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ отвори дисциплинска постапка против Пелистер

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално потврди дека е покрената дисциплинска постапка против екипата на Пелистер, поради инциденти на натпреварот од третото коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи. Иако битолчани на теренот се радуваа на победа од 2:0, сега се соочуваат со можни санкции надвор од теренот. Според пријавата на делегатот на мечот, кој се одигра во Кавадарци, дел од навивачите на Пелистер скандирале навредливи и несоодветни песни. „По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија. Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, соопштија од ФФМ. Во наредните денови Дисциплинската комисија ќе ја разгледа пријавата и ќе донесе одлука дали клубот ќе се соочи со парична казна, суспензија на терен или друг вид дисциплински мерки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.