March 31, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално потврди дека ќе поведе дисциплинска постапка против Шкендија поради срамното однесување на нивните навивачи за време на минутата молк. Наместо тишина и почит за жртвите од трагедијата во Кочани, трибините одекнуваа со песни поврзани со УЧК, што предизвика бурни реакции во јавноста. Настанот го остави фудбалскиот свет во Македонија во неверување, бидејќи наместо емпатија и солидарност, навивачите на Шкендија ја избраа провокацијата и непочитувањето. Додека целата земја тагуваше, дел од трибините во Тетово испратија сосема поинаква порака – чин кој не помина незабележано од надлежните. ФФМ најави дека ќе изрече соодветна санкција и ги повика тетовчани да се угледаат на клубот со исто име – Шкендија Арачиново, чија навивачка група достојно ја испочитува минутата молк. Казната за тетовскиот тим ќе биде јасен сигнал дека ваквите постапки нема да бидат толерирани на македонските стадиони. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост: „Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите - без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |