August 27, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија денеска излезе со детално објаснување зошто Шкупи нема да може да биде домаќин на натпреварот од четвртото коло против Вардар на стадионот во Чаир. ФФМ наведе повеќе причини поврзани со безбедноста и техничките услови за имплементација на ВАР, а меѓу нив се недоволно исполнети безбедносни услови според извештајот за инфраструктура, несоодветна заштитна ограда на јужната трибина со дупки и небезбедни елементи, недостаток на струјно поврзување за ТВ репортажното возило, што го оневозможува користењето на ВАР системот, незавршена една од трите потребни платформи за ТВ камери и недостиг на услови за ТВ коментатори и искршени клупи за резервни играчи кои не обезбедуваат минимални стандарди. Дополнително, Федерацијата изрази загриженост поради тоа што на најавената инспекција не се појавил ниту еден официјален претставник на клубот. Единствено присуствувале претставници на навивачката група „Шверцери“, кои, според ФФМ, покажале ентузијазам и желба да помогнат во решавањето на проблемите. „Загрижува фактот што немаше официјален претставник на ФК Шкупи за време на инспекцијата. Единствено беа претставници на навивачката група, кои покажаа желба да помогнат. Сепак, неопходно е сопственикот и извршниот директор на клубот лично да се појават и да преземат мерки за нормално функционирање на клубот“, стои во соопштението на ФФМ. Федерацијата најави дека е подготвена да помогне, но нагласи дека не смее да се дозволи одигрување натпревари со висок ризик во вакви услови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |