October 3, 2026 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија излезе со дополнително појаснување за цените и распределбата на билетите за вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Шкотска, откако во јавноста се појавија различни информации. Од федерацијата посочуваат дека најголем дел од билетите наменети за македонските навивачи се во пониските ценовни категории. „Од вкупниот капацитет на Националната арена „Тодор Проески“ од околу 32.000 гледачи, дури 13.431 билет е со основна цена од 500 денари, односно со 35% попуст преку Магента, реалната цена за навивачот изнесува 325 денари.“ ФФМ дополнително објаснува дека 3.000 билети, согласно пропозициите на УЕФА, се наменети за гостинската репрезентација и нејзините навивачи, по цена од 1.800 денари. Во оваа бројка не се вклучени тампон-зоните, кои дополнително го намалуваат расположливиот капацитет за домашните навивачи. Од федерацијата наведуваат и дека целата западна трибина е отстапена за најмладите фудбалери од Детската лига, нивните тренери и родители, како и за навивачките групи кои побарале присуство на натпреварот. ФФМ воедно апелира информациите за билетите да се проверуваат пред да се објават во јавноста. Натпреварот Македонија – Шкотска се игра вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |