April 23, 2025 | | Македонија
Тренерот на Воска Спорт, Арбри Клодиан, заедно со капитенот Агон Хани, ќе одговараат пред Дисциплинската комисија, откако ги повикаа своите фудбалери да го напуштат теренот за време на натпреварот против Вардар. Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука натпреварот од 28. коло во Прва МФЛ, помеѓу Воска и Вардар, да го регистрира со службен резултат 0:3 во корист на скопскиот тим. По неспортското однесување и напуштањето на теренот, охридскиот клуб се соочува со повеќе дисциплински постапки. Екипата на Воска Спорт ќе се најде пред лицето на правдата и поради недолично и навредливо скандирање на домашната публика, што е оквалификувано како пропуст во организацијата на натпреварот. Во однос на табелата, Вардар моментално го зазема седмото место со освоени 32 бодови, додека Воска Спорт останува закована на дното, на 12. позиција со вкупно 22. Наредниот викенд ги носи нови предизвици: на 27 април Вардар ќе биде домаќин на Беса 1976, додека Воска ќе му гостува на Брера Струмица еден ден подоцна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |