ФК Победа во криза: Без тим, без пари, без иднина?

July 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФК Победа во криза: Без тим, без пари, без иднина?

Македонскиот второлигаш Победа од Прилеп е пред сериозна криза, само неколку недели пред стартот на новата сезона. Некогашниот шампион остана без клучни фудбалери, без инвеститор и без јасна визија за опстанок. Според информациите, речиси целиот ростер го напуштил клубот, а дополнителен удар е заминувањето на акционерот кој со месеци водеше правна битка за купување на акциите. Со тоа, Победа останува без финансиска поддршка, со значителни долгови и практично без екипа. Се размислува за формирање „одбор за спас“ на клубот, кој ќе има задача да најде итно решение, а се очекува и помош од Општина Прилеп, на која клубот повторно ќе ѝ биде доверен. Апел ќе биде испратен и до бизнис-заедницата, спонзори и сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат клубот да не згасне. Победа досега нема започнато подготовки за сезоната во Втората лига, која стартува на 23 август. Прашањето дали ќе има комплетиран и конкурентен тим до тогаш, останува отворено.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.