December 31, 2024 | | Македонија
Предновогодишно ФК Слога потврди уште едно засилување. Третолигашот го потврди трансферот на Дарко Стојанов, стоперот од Детонит Плачковица. Ова е дури трет фудбалер на Детонит кој Слога го донесе во своите редови сезонава. Претходно беа донесени Тони Мирчевски и Иван Настевски.
,,Стојанов има настапувано и за екипата на Гостивар, Вардар, Брегалница ,Ренова, Борец, Хоризонт Турново, Беласица, Маџари Солидарност и Дунав Русе од Бугарија, што значи дека Стојанов во нашиот тим носи големо прволигашко, но и меѓународно искуство. Тој ќе биде столб во нашата одбрана’’, стои во објавата на тимот од Виница.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |