December 20, 2024 | | Македонија
Откако ФК Слога 1934 - Виница го потпиша Иван Настевски од редовите на Детонит Плачковица, сега Виничани потпишаа уште еден фудбалер од редовите на радовишкиот клуб. Станува збор за десниот бек Тони Мирчевски. „Почитувана фудбалска јавност со особена гордост ви го најавуваме нашето второ зимско засилување Тони Мирчевски кој ни доаѓа од екипата на ФК Детонит Радовиш. Станува збор за екстра засилување за нашата екипа кое има големо играчко искуство“, објави ФК Слога на социјалните мрежи. Својата кариера Мирчевски ја започна во Плачковица, потоа премина во Борец Велес, па во Брегалница, играше и во Воска Спорт, пред повторно да премине во Детонит Плачковица.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |