July 8, 2024 | | Македонија
ФК Вардар Неготино се засили со тројца нови фудбалери кои ќе допринесат во остварување на целите на клубот. Претходната сезона тимот од Неготино заврши на шестото место во Втората македонска лига. Славе Вргов е едно од засилувањата а тој важи за еден од најталентираните млади и респектабилни голмани во Македонија. „Вргов ни доаѓа од клубот Брера Струмица, кој како голман има одлична статистика на одбрани. Вргов е дел и од младинските репрезентции на Македонија“, велат од ФК Вардар Неготино. Другото засилување е Живко Крстев, 19-годишен фудбалер, член на младинскиот тим на клубот Брера Струмица. „Станува збор за млад и надежен фудбалер кој со својот потенцијал во младинскиот шампионат изминатата сезона постигна дури 30 гола“, стои во објавата на клубот. Третото засилување е Дарко Донов, млад фудбалер кој доаѓа од редовите на ФК Брегалница и настапува на одбранбена позиција. „Се работи за талентиран десен бек, играч со голем простор за напредок“, појаснуваат од ФК Вардар Неготино. Сите тројца, во вторник на Цвај Арена во Неготино, официјално ќе бидат претставени и за првпат ќе тренираат со новите соиграчи. Клубот најави нови засилувања кои во наредните денови ќе бидат претставени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |