„Football rankings”: Македонија нема да игра на СП во 2026 година

March 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

„Football rankings”: Македонија нема да игра на СП во 2026 година

По освоените четири бода во првите две рунди од квалификациите за Светското првенство во САД, Мексико и Канада, македонската репрезентација останува во игра, но според прогнозите на реномираната страница „Football Rankings“, шансите за пласман не се на наша страна. Ова првенство ќе биде историско – прво со 48 учесници, но според симулациите на „Football Rankings“, Македонија нема да успее да се пробие низ групата во која се Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Според оваа прогноза, од нашата група директен патник за Светското првенство ќе биде само Белгија, која воедно ќе се најде и во првиот шешир при ждрепката. Сепак, фудбалот е непредвидлив, а Македонија веќе покажа дека знае да руши прогнози и да испишува историја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.