ФОТО: Вардар и Звезда со заедничка поддршка за Кочани

April 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФОТО: Вардар и Звезда со заедничка поддршка за Кочани

На арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржува хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, во чест на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Двата тима играат во знак на солидарност и поддршка, а целокупниот приход од мечот ќе биде наменет за семејствата на загинатите. Публиката на Арената има можност да ги види и легендите на Црвена Звезда кои со своето присуство му даваат дополнителна тежина на настанот. Меѓу нив се најдоа големи фудбалски имиња како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, како и други познати фудбалери од златните генерации – Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ и Горан Попов. Овој натпревар претставува спој на спорт, хуманост и сеќавање, со цел да се помогне таму каде што е најпотребно – на оние кои загубија најмногу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.