Фудбалерите во мирна атмосфера ги очекуваат првите мундијалски предизвици (ВИДЕО)

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Фудбалерите во мирна атмосфера ги очекуваат првите мундијалски предизвици (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација ги минува можеби најемотивните подготовки, со мислите насочени кон жртвите од трагедијата во Кочани, додека се подготвува за стартот на мундијалските квалификации. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра за четири дена во Вадуц, против Лихтенштајн, со почеток од 15:00 часот. Нашите репрезентативци ќе настапат како фаворити и ќе се обидат да донесат барем малку радост во овие тешки моменти за нацијата. Вториот квалификациски дуел е закажан за 25 март, кога Македонија ќе биде домаќин на Велс во вечерниот термин од 20:45 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.