Фудбалската легенда Влада Стошиќ ја посети ФФМ

March 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Фудбалската легенда Влада Стошиќ ја посети ФФМ

Српската фудбалска легенда Влада Стошиќ, некогашен соиграч на Илија Најдоски и Дарко Панчев во славната генерација на Црвена Звезда, ја посети Фудбалската федерација на Македонија. „Имавме чест да го угостиме Влада Стошиќ, еден од клучните фудбалери од шампионскиот тим на Црвена Звезда, заедно со нашите Најдоски и Панчев. Разговаравме за развојот на фудбалот во регионот и разменивме идеи поврзани со играта. Овие средби се потсетник дека фудбалот е многу повеќе од спорт – тој носи традиција, поврзува генерации и инспирира!“, објави ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.